Путин и Камерон: Потребна е заедничка борба против тероризмот

Камерон изразил уверување дека би било добро ако е можно за време на состанокот се разговара за Сирија.

Путин му се заблагодари на Камерон за информациите што беа обезбедени од страна на британските служби.

Односите меѓу Русија и Велика Британија не се најдобри, потребно е да се анализира соработката и да се изнесат конкретни планови за во иднина, рече Путин и притоа оцени, дека сепак постои некој напредок во билатералните односи, вклучувајќи ги и меѓувладините комисии.

Тој додаде дека генерално е создаден добар механизам за соработка во различни области.

Мислам дека постои потреба да се анализира она што претходно беше направено, да се гледа во иднината и да се наведат конкретни планови за развој, вели Путин.

Инаку вчера на маргините на Самитот во Анталија, Путин имаше кратка неформална средба и со претседателот на САД, Барак Обама, повеќе за ова на следниот линк.