Путин кандидат за Нобеловата награда за мир

Рускиот претседател, Владимир Путин, е кандидиран за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска претседателот на Нобеловиот институт во Осло, Гејр Лундестад.

За овогодишната награда претендираат рекорден број кандидати, вкупно278 поединци и организации, а меѓу предложените се папата Франциско и поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден.

Потесната листа на кандидати ќе биде направена до крајот на мај, гласањето за добитник на наградата ќе биде во рамки на Нобеловиот комитет во октомври, а доделувањето ќе биде во декември.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.