Путин ќе биде независен кандидат на претседателските избори

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека на претседателските избори во март следната година ќе се кандидира како независен кандидат.

Шеесет и петодишниот на традиционалната прес-коференциа за новинарите рече оти се надева дека ќе го поддржат повеќе политички партии.

„Рускиот политички систем мора да биде компетиттивен, но опозицијата нема силен противкандидат бидејќи само многу викаат, а многу малку нешта му нудат на народот“, рече Путин.

Актуелниот претседател кој заедно со премиерската должност ја препороди Русија во изминатите речиси две децении, така по изборите на 18-ти март ќе добие уште еден шестгодишен мандант.

Рускиот челник ја задржа огромната популарнсот во земјата последните одини, и покрај економските проблеми од кои земјата почна да излегува и растечките тензии со Западот. Според последните анкети, Путин има поддршка од над 80 отсто од граѓаните, па се очекува уште една негова убедлива победа.

Традиционалната конференија пред крајот на одината е позната по тоа што знае да треае и по три и повеќе часови.

Зборувајќи за приоритетите во иднина, Путин ги наброја инфрастуктурата, здравството, образованието, високата технологија, зголемувањето на продуктивноста на трудот и на платите.

„Политичкиот амбиент, како и економскиот, мора да биде компетитивен. Ќе тежнеам кон тоа да имаме урамнотежен политички систем“, рече Путин.

Истакна дека западните санкции поради наводното мешање Русија во Украина не влијаеле силно на цените на нафтата, „но сепак имаа“ влијание.

„Надвалдувавме два економски шока, остриот пад на цените на енергијата и да се потпира на домашната побарувачка, што е клично за економијата“, истакна мешу другото Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.