Путин ќе го направи Крим Лас Вегас

Претседателот на Русија, Владимир Путин поднел предлог Закон за да се легализира коцкањето на Крим.

Највројатно предлогот ќе биде усвоен и на Крим ќе бидат одредени зони во кои ќе биде дозволено коцкање.

Според зборовите на заменик премиерот на Крим Рустем Темиргалиев зоната со коцкарници на Крим ќе биде сериозна конкуренција на Макао, Монте Карло и Лас Вегас.

Целта на Путин е со овој потег економски да го зајакне полуостровот.

Русија го забрани коцкањето во 2009 година, но создаде четири зони каде што е дозволено- Владивосток, Алтај, Красноадр и Каљининград.