Магазин

Путин ќе го прослави 63. роденден играјќи хокеј

Путин ќе го прослави 63. роденден играјќи хокеј

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес ќе учествува на хокеарски натпревар, со што ќе го прослави својот 63-ти роденден, соопшти Кремљ.

Путин, традиционално ќе игра хокеј на мраз со неговите стари пријатели – познати хокејарски ветерани и играчи од руската „Night Hockey League“, чија сезона почнува утре, изјави вчера портпаролот  на Кремљ, Дмитирј Песков.

Рускиот претседател е страствен играч на хокеј на мраз и често учествува во пријателски натпревари.

Покрај тоа што им се приклучува на играчите на хокеј на мраз, Путин неколку пати на натпревар покани и негови колеги, меѓу кои и претседателите на Финска и на Белорусија.