Путин, Кери и Лaвров на 15-ти декември ќе се сретнат во Москва

Путин, Кери и Лaвров на 15-ти декември ќе се сретнат во Москва. Американскиот државен секретар Џон Кери,рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров  ќе се сретнат на 15 декември во Москва, соопшти Стејт департментот.

За време на средбата ќе се разговара за состојбата во Сирија и Украина.

Еден ден претходно, на 14 декември, Кери ќе учествува на средбата за Сирија, која ќе се одрживо Париз.

Американскиот државен секретар денеска изјави во врска со Сирија дека САД имаат некакви проблемисо рамковната декларација, која беше договорена на вчерашната средба на сириската опозиција во Ријад.

Постојат прашања кои треба да се појаснат пред меѓународната средба за Сирија, која е предвидена следната недела во Њујорк, нагласи Кери.

Сириската опозиција вчера се договори да создаде заедничка група за мировни преговори со Владата на претседателот Башар ал Асад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.