Свет

Путин: Ќе бидеме принудени да ги насочиме нашите вооружени сили кон земјите кои би можеле да ја загрозат Русија

Путин: Ќе бидеме принудени да ги насочиме нашите вооружени сили кон земјите кои би можеле да ја загрозат Русија
Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да ги впери своите вооружени сили кон оние земји кои би можеле да ја загрозат и изрази загриженост поради системот за противракетна одбрана во близина на руските граници, објави МИА.

– Ќе бидеме принудени да ги насочиме нашите вооружени сили кон териториите од каде што доаѓа заканата, истакна Путин.

Рускиот претседател по разговорите со финскиот колега Саули Нинисто во близина на Москва нагласи дека најдобрата гаранција за безбедноста на Финска бил нејзиниот неутрален статус.

Путин смета дека мировниот договор од Минск е балансиран и фер и дека Русија не би го потпишала ако не се согласува со него