Свет

Путин ќе одговара на 2 милиони прашања од руските граѓани

Путин ќе одговара на 2 милиони прашања од руските граѓани

Два милиони прашања му се упатени на претседателот на Русија, Владимир Путин, кој на пладе по московско време, а во 14 часот во земјава, ќе одржи годишна телевизиска сесија на која ќе одговара на прашања од граѓаните.

Во фокус на вниманието, според представникот на Кремљ, Димирриј Песков, ќе биде Крим како и домашни општествени прашања.

Ова ќе биде 12. пат Путин преку телевизија да одговара на прашања на руските граѓани.

Минатата година, Путин одговараше на прашањата 4 часа и 48 минути. Должината на денешното обраќање ќе зависи од Путин, од тоа колку прашања ќе бидат поставени, а извесно е дека ќе трае неколку часа, пренесува руската агенција Итар- Тас.

Според официјални извори, годинава многу граѓани кои се јавиле, изразиле поддршка за шефот на државата, по повод ситуацијата во Крим и Украина.

Годинава граѓаните ќе може да му се обратат на Путин телефонски, како и преку видео. Исто така, овој пат и жителите на Крим и Севастопољ ќе може да му постават прашање на Путин и за нив е отворена посебна телефонска линија на која ќе може бесплатно да зборуваат.