Свет

Путин ќе заврши како Милошевиќ

Путин ќе заврши како Милошевиќ

Поранешниот лидер на бунтовничките сили во Украина, Игор Стрелков смета дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да заврши како Слободан Милошевиќ, доколку потполно не ги подржи прориските сепаратисти во источна Украина.

Според него Путин е премногу либерален и мора да прогласи анексија во областите околу Доњецк и Луганск, како што тоа го направи со Крим.

-Украина беше и ќе остане дел од Русија. Путин би можело да заврши како Милошевиќ, кого го урнаа и патриотските и либерални сили поради неговата политика, која не им одговараше ни на едните ниту на другите. Рускиот свет треба да го сочинуваат Белорусија, Грузија, Ерменија и по можност Централна Азија. Вистинските сепаратисти се оние во Киев, тие сакаат да ја оделат Украина од Москва- рече Стрелков.