Путин конечно прозборе за неговите ќерки

Рускиот претседател Владимир Путин кој е мошне таинствен когфа станува збор за неговото семејство, јавно говореше за неговите две ќерки во неговото обраќање по повод годишната прес конференција.

Путин рече дека неговите ќерки Марија (30) и Катерина (29) живеат во Русија, но дека одлучиле да се држат настрана од бизнисот и политиката.

putin-kjerka

Тие ги почнуваат своите кариери, но напредуваат добро. Тие не се вклучени во бизнисот или во политиката. Тие никогашш не биле деца ѕвезди, никогаш не го имале задоволството целото внимание да биде насочено кон нив, туку само ги живееја нивните животи. Тие живеат во русија и никогаш не се образувале надвор, туку само во Русија. Се гордеам со нив, продолжија да учат и работат. Моите ќерки течно говорат три европски јазици, рече Путин.

Оваа изјава на Путин следеше откако претходно медиумите шпекулираа дека неговите ќерки се образувале во Германија и дека Марија е омажена, а ја поврзуваа со голем број руски бизнисмени. Повеќе за ова на следниот линк.