Путин сеуште не остварил контакт со Ердоган

Пeсков рече дека руската соработка со Турција во борбата против тероризмот во моментов е доведена во прашање, но ова не се однесува на другите земји што би можеле да се вклучат во коалицијата против терористичките групи во Сирија.

Рускиот претседател веќе изјави дека борбата против тероризмот во Сирија неможе да биде ефективна без притоа да се создаде коалиција.

Доведена во прашање руската соработка со Турција во борбата против тероризмот
Доведена во прашање руската соработка со Турција во борбата против тероризмот

Што се однесува до Турција, соработката со неа со сигурност ќе биде доведена во прашање, барем во овој момент. Сепак, ова не се однесува на другите членки на коалицијата, изјави Песков.

Песков исто така нагласи дека Русија понатаму ќе ги анализира сите тековни руско – турски проекти. Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.