Путин: Корејскиот полуостров на работ од голем судир

© REUTERS / Kyodo

Рускиот претседател Владимир Путин изрази во петокот голема загриженоста поради зголемувањето на тензии меѓу САД и Северна Кореја повикувајќи на воздражност и на дијалог за да се спречи „голем судир“ на полуостровот.

„Проблемите во овој регион треба да се решаваат само преку директен дијалог на сите заинтересирани страни, без никави предуслови“, истакна рускиот претседател Владимир Путин во написот објавен во пресрет на самитот на земјите на БРИКС кој од 3-ти до 5-ти септември ќе се одржи во Кина.

„Провокациите, притисокот, како и воинствената и навредлува реторика водат во ќорсокак“, вели Путин во статијата под наслов „БРИКС – кон новиот хоризонт на стратешкото партнерство“, додавајќи дека е погрешно и попусто да се очекува дека „само притисокот ќе ја запре нуклеарната и балистичка програма на Пјонгјанг“.

Рускиот претседател оценува дека Корејскиот полуостров во моментов се наоѓа „на работ од голем судир“ повикувајќи уште еднаш да се даде поддршка на насоките коишто ги предложија Москва и Пекинг.

Русија и Кина имено повеќепати предлагаа двоен „мораториум“: истовремено прекинување на севернокорејските нуклеарни и балистички тестирања и заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.

И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавро повика во средата во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон да не се применува сила кон Севрна Кореја по нејзиното лансирање на ракетата којашто ја прелета Јапонија.