Путин: Криминален акт и одмазда на Киев

„Претседателот на Русија, Владимир Путин ги доби сите итни информации за моментната ситуација на југоистокот на Украина каде што војската започна акција против локалното население и оцени дека станува збор за криминален акт на Киев,“ изјави Дмитриј Песков, ПР на Путин.

Според него, за жал развојот на настаните на терен во потполност е таму какви што Путин ги оцени.

„Во време кога Русија презема максимални напори за да ја смири ситуацијата, властите во Киев почнаа да ги бомбардираат мирољубивите граѓани. Користејќи авијација за напад на цивилни објекти, режимот во Киев започна операција за одмазда и ја уништи последната надеж за опстанок за договорот во Женева,“ изјави Песков.

Министерството за одбрана на Украина, соопшти денеска дека двајца украински војници загинале и дека се соборени два хеликоптера кај Славјанск на истокот на Украина, каде што војската утринава започна операција во обид повторно да ја презема контролата над градот. АП наведува дека има три жртви.

Хеликоптерите се соборени со софистицирано оружје, ракети земја-воздух, што го побива тврдењето на Русија дека Славјанск е под контрола само на вооружени цивили, наведува американската агенција.

Песков изјави дека Москва во Украина го испратила Владимир Лукин за да преговара за набљудувачите на ОБСЕ да бидат пуштени од страна на проруските активисти на Славјанск. Додаде дека Кремљ со нив не може да воспостави врска, од кога украинските сили утринава започнаа акција кај Славјанск.

Договорот кој на 17 април во Женева го постигнаат САД,Русија, ЕУ и Украина меѓу останатото подразбира разоружување на нелегално вооружените групи и враќање на заземените објекти кои се под контрола на украинските власти.

Славјанск од април го држат проруските сили. Градот од утринава е опкружен со украински единици кои ја заземаа стратешки важната телевизиска станица во центарот на градот.
Пред акцијата на украинските сили, Москва предупреди дека секој напад на мирното население ќе има катастрофални последици.

По повод влошување на ситуацијата на југоистокот на Украина, постојаниот претставник на Русија во ОЕБС, Андрел Келин ја повика таа организација да преземе одредени чекори за да прекине „казнената операција Киев.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.