Путин критикува: Украина користи уцени во преговорите, а Западот обвинет дека прави „Глобална касарна“

Претседателот на Русија ВЛадимир Путин и се обратил на јавноста, после прекинот на примирјето со Украина коешто го иницирал нејзиниот претседател Птеро Порошенко. Тој го критикувал Западот заради намерата да ја претворат планетата во „глобална касарна“.

Рускиот претседател изразил надеж дека западните партнери ќе престанат да наметнуваат свои идеи и принципи на други земји.

Западот мора да се ослободи од амбициите и желбите да создаде глобална касарна. Западот мора да почне да гради односи со други народи  кои се засноваат на еднкави права и меѓусебно почитување, рекол тој.

Украина обвинета за користење уцени во преговорите за гасот

Во поглед на случувањата во Украина, Путин денеска ја обвинил Украина дека користи „уцени“ во преговорите за цената на гасот, тврдејќи дека Киев барал „тотално неправедно“ намалување на цената за снабдување со руски гас, а украинскиот претседател Порошенко го обвинил за немирите во земјата.

Во коментар за продолувањето на офанзивата во Украина, рускиот претседател рекол дека европските партнери не можат да го убедат Порошенко да го сопре насилството во Украина. Понатаму тој рекол дека Западот се обидува да го дестабилизира регионот преку украинската криза, а потоа порачал дека Русија ќе продолжи да ги штити етничките Руси надвор од границите  со сите средства кои вклучуваат и политички и економски и хуманитарен аспект.