Путин лично лансираше четири балистички ракети (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин изминатата ноќ учествувал во обуките за управување со стратегиские нуклеарни сили на земјата и притоа лично лансирал четири балистички проектили, потврди во петокот портпролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а медиумите објавуваат дека се лансирани три интерконтинентални балистички ракети од нуклеарни подморини а една од од космодром и оти притоа сите „цели успешно се погодени“.

„Во текот на вежбите се симулираше соработката на стратешките ракетни сили, нуклеарните подморници од Северната и Пацифичката флота, и авијацијата за долги летови на воено-космичките сили на Русија“, изјавил портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Притоа додал дека претседателот Владимир Путин, како Врховен командант, извел лансирање на четири балистички ракети. Претходно во четвртокот руското министерство за одбрана објави дека во текот на денот ќе се одржи планираната обука за командување и синхронизација на Стратеките нуклеарни сили на Руската Федерација,

Песков додал дека Путин лансирал итнерконтинентална балистичка ракета од моделот „Топољ“ од космодромот Плесцк кој се наоѓа во Архенгелската област во источно-европската рамнина на западот од Русија, кон полигонот Кура кој се наоѓа на полуостровото Камчатка, во североисточниот дел од евроазискиот континтент.

Покрај тоа, нуклеарна подморница од Пацифичката флота лансирала две балистички ракети од Охотското Море врз полигонот Чижа во Архангелската област, а од Баренцовото Море нуклеарна подморница од Северната флота лансирала ист таков проектил во полигонот Кура.

Авионите на руската стратешка авијација за долги летови од типовите „Ту-160“, „Ту-95МС“ и „Ту-22М3“, полетале од аеродромите во базите Украинка, Енгелс, Шајковка, и гаѓале со крстосувачки ракети цели на земјата на полигоните Кура на Камчатка, Пемб во републиката Кома и Теректа во соседен Казахстан. Според соопштението на министерството за одбрана „вежбите биа успешни“.

Пратеникот Андреј Красов, за учеството на претседателот Путин оценил дека во тоа нема ништо изненадувачки“. „Путин, имајќи предвид дека како претседател е и врховен командант, може да врши какви и да се проверки на вооружените сили, вклучително и самиот оој лично да присуствува не само при обуките, туку и во текот на тестирањата на воената техника“, рекол Красов за агенцијата РИА.

РИА Новости https://ria.ru/defense_safety/20171027/1507655151.html