Путин, Меркел, Оланд и Порошенко телефонски разговараа за кризата во Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко во телефонски разговор забележаа дека е неопходно да се обезбеди прекин на огнот во Донбас, јавува ТАСС повикувајќи се на соопштението од прес службата на Кремлин.

„Дискусијата за украинската криза продолжува. Четирите лидери ја нагласија потребата да се осигура прекин на огнот во Донбас“ , стои во соопштението од прес службата.

Лидерите нагласија дека од огромна важност е да се одржи состанок на Контакт групата што е можно поскоро за да се имплементира договорот од Минск и да се воспостави дијалог помеѓу Киев и југоистокот. Меѓу приоритетите се размената на заробеници и предавањето на оружјето.

Четирите лидери исто така дискутирале и за економското закрепнување на источните региони и хуманитарната и општествена поддршка за населението.

Била постигната согласност да се продолжи со понатамошни телефонски разговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.