Свет

Путин: Москва не го украде европскиот сон на Украинците

Путин: Москва не го украде европскиот сон на Украинците

Не сме го украле европскиот сон на Украинците, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од „УНИАН“.

„Некој рече дека на украинскиот народ му го украле европскиот сон. Прво, ние немаме врска со тоа. Ова е избор само на украинскиот народ и на неговите легитимни лидери. Дали да се влезе во сојуз со кого и да е или не, дали да се потпишуваат какви било договори или не. Тоа е нашата принципиелна позиција“, рекол Путин.

Второ, коментира рускиот лидер, негативниот став на Украина во однос на Москва е поврзан со недоволната информираност на Украинците за последиците од договорот за асоцијација со Европската унија.

„Сметам дека тоа е прашање на свест. Сигурно и кај нас има луѓе кои се настроени националистички и кои премногу и тоа доста категорично да ја изразат својата перспектива во однос на Украина, но поголемиот дел од руските граѓани се позитивно настроени спрема неа. Тоа е сигурно“, истакнал рускиот претседател.