Путин: Москва не може да гледа од страна додека се убиваат луѓе

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Москва не може да гледа од страна додека луѓе се убиваат во Украина. Тој, запрашан, за време на интервјуто на руската државна телевизија дали може да предвиди кога ќе заврши кризата во Украина, одговори дека тоа во голема мера зависи од политичката волја на украинските власти.

Во интервјуто, Путин вели и дека под итно мора да се започнат суштински разговори за прашањата за политичката организација на општеството и државноста на југоисточна Украина со цел да се заштитат законските интереси на сите луѓе кои живеат таму.