Путин му го честиташе на Асад преземањето на Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор му го честиташе на сирискиот колега Башар ал Асад преземањето на Алепо, соопшти Кремљ.

Путин му порача на Асад дека сега фокусот треба да биде насочен кон напорите да се постигне договор за решавање на сириската криза.

Сириската војска денеска целосно ја презеде контролата врз Алепо, што е најголема победа на Владата во Дамаск од почетокот на војната, која трае речиси шест години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.