Путин му ја честиташе победата на Ципрас

Путин на средба со грчкиот државен врв
Путин на средба со грчкиот државен врв

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на Алексис Ципрас на вчерашните предвремени парламентрни избори, јави дописникот на МИА од Атина.

Путин му честиташе на грчкиот лидер со телеграма во која изрази надеж за „продолжување на конструктивниот дијалог со Атина“.

Во соопштението од Кремљ исто така се изразува и желбата на Москва за зајакнување на руско-грчката соработка, која е „од корист за двете земји во многу области, особено во трговијата, економијата и енергијата“.