Свет

Путин му подари на Нетанјаху оригинално писмо на Оскар Шиндлер

Путин му подари на Нетанјаху оригинално писмо на Оскар Шиндлер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху добил на подарок од рускиот претседател Владимир Путин писмо од германскиот индустријалец Оскар Шиндлер, кој е познат по спасувањето на Евреите во Втората светска војна во нацистичка Германија, изјави во понеделникот портпаролката на израелската влада Ана Јонатан-Леус.

Како што изјавила за агенцијата РИА, Нетанјаху кој допатува во еднодневна посета на Москва бил многу трогнат од подарокот и има намера да го предаде во ерусалимскиот меморијален комплекс „Јад Вашем“, најголемиот светски центар за проучување на холокаустот и зачувување на споменот на жртвите.

„По средбата, претседателот Путин му врачи на премиерот Нетанјаху подарок. Станува збор за оригинал од писмото на Оскар Шиндлер до неговата сопруга. Шефот на владата беше многу трогнат од овој подарок, кој се совпадна со Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот“, изјавила портпаролката Јонатан-Леус.

Во текот на Втората светска војна Шиндлер им помогнал на повеќе од илјада Евреи да ги преживеат стравотиите на концентрационите логори преземајќи ги да работат во неговите фабрики. Приказната за индустријалецот е основата на книгата на Томас Кенели „Ковчегот на Шиндлер“, која подоцна беше екранизирана од Стивен Спилберг под насловот „Шиндлеровата листа“.

Медиумите истакнуваат дека израелскиот премиер Нетанјаху ретко се враќа од Русија „со празни раце“. Меѓу подароците добиени последните две и пол години се истакнуваат првото печатено издание на Танах-от со коментари на средновековниот мислител рабинот Шломо Ицхаки (Раши), писмо на еден од основачите на еврејската држава и првиот шеф на нејзината влада Давид Бен-Гурион, примерок на „Јудејската војна“ на античкиот историчар Јосиф Флавиј, отпечатена во 1526 година во Италија на тоскански јазик.

Претходно во понеделникот Путин и Нетанјаху проследија фрагменти од историскиот филм “Собибор“ на рускиот режисер Константин Хабенски, во рамките на настаните во спомен на Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот и 75-годишнината од целосното ослободувње на Ленинград од нацистичката опсада. Филмот зборува за подвикот на советскиот офицер Александар Печерски и востанието во концентрациониот логор „Собибор“,