Путин му порача на Берлускони, НАТО не може да ме сопре!

Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со својот пријател Силвио Берлускони му кажал дека НАТО сојузот не може да ги сопре неговите царски амбиции.

Оваа вест се појавила непосреднo по изјавите на претставникот на НАТО алијансата дека преку 3000 руски војници се наоѓаат во Украина како и неколку стотици тенкови со знаме на Руската федерација се таму.Италијанските медиуми пренесоа дека Силвио Берлускони презел улога на посредник меѓу Путин и западните сили, а првите впечатоци на некогашниот италијански премиер се дека Путин нема намера да се откаже од своите планови .

Дури и го цитираше рускиот претседател дека јасно му кажал дека не можело да биде сопрен.

Путин исто така порачал дека Русија е за мирно решение без судири, но дека исто така е повеќе од подготвена да одговори на било каква агресија.

„Нашите партнери би требало да сфатат дека најдобро е да не се закачаат со нас. Но, мислам дека никој не помислува да влезе во судир од големи размери со Русија. Сакам да ве потсетам дека Русија е една од водечките нуклеарни сили,“ нагласил недавно рускиот претседател.