Путин му се заблагодарил на Трамп на американската помош за спречување напад во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор му се заблагодарил на американскиот колега по должност Доналд Трамп на „разузнавачките податоци коишто Централната разузнавачка агенција (CIA) ги пренела“ на Русија и кои овозможиле спречување напад во Санкт Петербург, соопшти Кремљ во неделата.

Претседателот Владимир Путин „му се заблагодари на американскиот колега на разузнавачките податоци кои ги пренела CIA“ и кои овозможиле да се „влезе во трагата, да се открие и да се уапси терористичка група којашто подготвувала“ напади во руската зимска Санкт Петербург, се наведува во соопштението на Кремљ.

„Информациите кои ги добила CIA се покажале доволно за откривање, потрага и апсење на криминалците“, додава Кремљ.

Терористите, како што се наведува во соопштението планирале „експлозии во соборниот храм на Богородица од Казан и на други посетени места во градот“./

Руската разузнавачка служба Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти во петокот дека разбила ќелија на терористичката мрежа Исламска држава којашто се подготвувала да изврши напади на 16-ти декември во Санкт Петербург. Во седата и во четвртокот биле уапсени вкупно седум лица.

Како што објави ФСБ, запленети биле „големи количества експлозиви (…), автоматско оружје и муниција“, оваа група планирала „самоубиствен напад“ и „убиства и експлозии на места на коишто се собираат голем број луѓе“.

Путин во споменатиот телефонски разговор го замолил Трамп „да им пренесе благодарност на директорот на CIA и на оперативниот персонал на американската разузнавачка служба“.

Рускиот претседател рекол дека како и во минатото дека „руските специјални служби доколку имаат информации за терористичка закана во врска со САД и со нивните државјани веднаш ќе им ги пренесат на своите американски колеги“.

Таков случај имаше пред нападот врз Бостонскиот маратон во 2013 година кога беа убиени три лица а ранети уште 260 луѓе, кога руските служби ги предупредиле американските колеги за радикализираноста на браќата Царнаеви, американски државјани доселени од руската муслиманска република Дагестан, но тие предупредувања биле игнорирани.

Русија оваа година била на удар на неколку напади а уште неколку се спречени, па така и напад кој се случи во санкпетербушката подземна железница и во кој загинаа 14 лица.

Руските разузнавачки служби се загрижени поради враќањето на џихадистите од северен Кавказ кои се бореле во Сирија, каде што Исламската држава ги загуби своите позиции благодарејќи на воената помош на руската авијација на владата во Дамаск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.