Свет

Путин: На Куба ќе и отпишеме долг од 30 милијарди долари

Путин: На Куба ќе и отпишеме долг од 30 милијарди долари

Русија донесе одлука да и отпише на Куба долг од повеќе од 30 милијарди долари, со што уште еднаш ќе се покажат добрите односи на двете земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин, а пренесува руската новинска агенција ИТАР ТАС.

„Овој чекор сведочи на нашата стратегиска природа на нашите билатерални односи“, рече Путин при посетата на Куба во интервју за кубанската новинска агенција „Пренса Латина“.

Два дена пред неговата посета, Горниот дом на рускиот парламент го ратификуваше минатогодишниот договор со кој на Куба и се отпишува 90 отсто од долгот, кој вкупно изнесува 35,2 милијарди долари.

„Вкупниот долг е огромен и изнесува повеќе од 35 милијарди долари. Останатите 10 отсто или 3,5 милијарди долари ќе бидат потрошени за значајни инвестициони проекти во Куба кои ќе го поттикнат економскиот развој на земјата. Очекуваме овие инвестиции да се покажат како плодни“, изјави Путин.

Во интервјуто, Путин наведува дека неговата латиноамериканска турнеја, која вклучува и посета на Бразил и Аргентина, е дел од напорите да се изгради мултиполарен свет во време кога Москва е излоирана поради примена на санкции.

Русија односите со Бразил ги смета за стратешки важни во спротивстваување на моќниот Запад, а пред Самитот на BRICS кој ги вклучува и Бразил, Кина, Индија, Русија и Јужна Африка, а ќе се случи следната недела.

„На овие моќни брзорастечки земји им е судено да играат важна улога во продолжувањето на полицентричниот светски поредок“, додаде Путин.

Рускиот претседател најави дека Москва ќе го поддржи Бразил да добие постојано место во Советот за безбедност на Обединетите Нации, каде Русија е постојана членка со право на вето, исто како и САД, и дека приметил дека и покрај постигнатите добри резултати, сеуште постои неискористен потенцијал во трговијата и економска соработка со Бразил.

ИТАР ТАС, наведува дека Путин изјавил дека Русија и Аргентина се поврзанисво повеќевековна историја, блиски врски и блиска меѓусебна привлечност, бидејќи секој шести аргентинец има руска крв, како и дека многу руси својот втор дом го пронашле во Аргентина.

Од друга страна, Аргентина е една од клучните стратешки партнери на Русија во Латинска Америка, Обединетите Нации и Г-20.