Свет

Путин на Русите им посака промени на подобро во 2018-та и им заблагодари за вербата во Русија

Путин на Русите им посака промени на подобро во 2018-та и им заблагодари за вербата во Русија

Рускиот премиер Владимир Путин им посака во неделата на своите сонародници промени на подобро во 2018 година во традиционалното новогодишно обраќање и им се заблагодари на Русите што „веруваат во себе и во својата татковина“.

„Новата година нека му донесе на секој поединец и на секое семејство промени на подобро“, изјави Путин во пораката којашто се објави во полноќ, којашто веќе настапи на Далечниот руски исток.

„Сакам да им се заблагодарам на оние коишто веруваат во себе и во својата татковина на нивниот труд и на резултатите“, додаде рускиот претседател и посака „мир и напредок на нашата сакана и единствена Русија“.

Русија во 2017 година забележа успех во своето прво големо воено ангажирање во странство по многу децении во Сирија, каде што нејзината поддршка на владата на претседателот Башар ал-Асад ѝ овозможи на владината армија да направи пресврт и да ослободи големи делови од териториите коишто од март 2011 година под контрола ги држеше вооружената сунитска опозиција и џихадистите од Исламската држава и Џенхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Во годината којашто изминува забележано е влошување на односите до ниво од идеолошката Студена војна меѓу Москва и Вашингтон, поради обвинувањата за наводните руски вмешувања во американските избори и во украинскиот судир, како и поради несогласувањето околу Сирија, Украина и Северна Кореја,

Путин ја најави четвртата кандидатура за претседателските избори во мар 2018 година и според анкетите со поддршка од околу 80 отсто е сигурен победник. Со тоа Путин кој стапи на власт во 2000 година би останал на власт најмалку до 2024 година.