Свет

Путин на удар, го напушта самитот Г20?

Путин на удар, го напушта самитот Г20?

Рускиот претедател Владимир Путин има намера да го прескокне работниот дел од самитот на лидерите на Г20 во недела и да го помести соето заминување од Австралија.

Путин е на чекор од ваква одлука откако се најде под притисок на западните лидери околу кризата во Украина, пренесува Ројтерс. Западните лидери кои присуствуваа на самитот на Г20 отро го нападнаа рускиот претседател поради кризата во Украина, заканувајќи му се со нови санкции доколку не ги повлече војската и оружјето од соседната земја.

p

Американскиот претседател Барак Обама рекол дека агресијата на Русија против Украина претставува закана кон сите, додека Европскиот совет побара од Москва да изврши притиок врз проруските сили да го прифатат примирјето на истокот на Украина.

Обама рекол дека САД се на прва линија кога станува збор за „спротиставување на руската агресија против Украина, која е закана за светот, што го видовме и со соборувањето на малезискиот авион МХ-17 над источниот дел на Украина“.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека ЕУ разгледува дополнителни финансиски санкции против поединци од Русија поради кризата во Украина.

-Сегашната ситуација е незадоволителна, рекла Меркел пред новинарите на самитот.

-Во овој момент, на дневен ред е ставањето на уште личности на листата на санкции, додала таа.

Претедателот на Европкиот совет, Херман ван Ромпуј, кој исто така присуствувал на самитот Г20 рекол дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат во понеделник за да се направи проценка на ситуацијата во Украина и да се процени дали понатамошните чекори, вклучувајќи ги и дополнителните санкции кон Русија се неопходни. Изолацијата на Путин на самитот Г20 беше очигледна, наведува британската агенција.

Иако под голем притисок, Путин со насмевка се ракуваше со домаќинот, австралискиот премиер, Тони Абот, кој претходно се закани дека ќе се замери со рускиот претседател околу соборувањето на малезискиот авион над истокот на Укрина во јули годинава, при што загинаа 28 Австралијанци.

p2

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рекол дека украинската криза била единствената тема на разговор меѓу Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон и дека и двајцата функционери покажале интерес на отплеткување на конфронтацијата и обновување на односите.

Путин, исто така се состанал со францускиот претседател Франсоа Оланд и тие двајца се сложиле дека е неопходно да ги заштитат билатералните односи од влијанието на санкциите.

Дводневниот самит Г20, поминува во знакот на дипломатската војна меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина.

Неколку западни земји упатија критика до Русија, а најгласен во тоа беше американскиот претседател Барак Обама, кој изјавил дека САД се противат на „руската агресија во Украина“, која претставува закана за целиот свет.

p3

Австралискиот премиер Тони Абот го обвини Путин дека сака да ја обнови загубената слава на царска Русија и Советскиот Сојуз, додека британскиот премиер, Дејвид Камерон рекол дека Русија „сака да ги напаѓа помалите земји“.

Помошникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков рекол дека Русија не учествува во неодамнешната ескалација на сударот во југоисточна Украина и дека ја подржува примената на прекинот на огнот договорен во септември во Минск, пренесува Ројтерс.

-Ние не учествуваме во тоа, изјавил Ушаков.

Во соопштение земјите чланки на Г20 исто така истакнале дека се решени да сторат се што е неопходно за да се запре епидемијата на ебола и да се реши проблемот со економските и хуманитарните трошоци на оваа епидемија.

Абот се обидел да ја ублажи тензијата во Бризбејн, градот во кој траат протести против Самитот, замолувајќи ги лидерите меѓусебно да си се обраќаат со името, а не со презимето, за да се создаде потопла атмосфера.

-Би било убаво да си се обраќаме со име, бидејќи без оглед на нашите несогласувања. Мислам дека меѓу нас треба да постои поголема човечка топлина, рекол Абот.

Покрај односот на Русија и Западот, на официјален дневен ред се и поттикнувањето на економскиот раст на свтско ниво, зголемувањето на стабилноста на банкарскиот систем, како и спречување на мултинационалните компании да избегнуваат плаќање на данок.

Покрај лидерите на членките на Г20 на самитот учествувале и министрите за финансии и гувернери на национални банки на 19 земји: Аргентина, Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција и Велика Британија, како и гувернерот на Европската централна банка.