Свет

Путин наложи да отпочне производството на оружјето претставено на парадата

Путин наложи да отпочне производството на оружјето претставено на парадата

Претседателот на Русија Владимир Путин наложил колку е можно побрзо да се завршат сите тестирања за воената технологија за копнените сили покажани на парадата во Москва на 9-ти мај, а таа задача ја претстави на седницата за развој на вооружените сили во земјата.

– Потребно е колку е можно побрзо да се завршат сите тестирања и да се премине на сериско производство, изјави Путин, пренесува порталот Спутник.

Дел од оваа војна технологија за прв пат беше прикажан на парадата во чест на 70 – годишнината од победата во Втората светска војна.

-Тактичко-технолошките карактеристики на оваа опрема прилично ги надминуваат странските пандани и во целост заслужуваат висока оцена од светските експерти, рече Путин.

Тој нагласи дека паралелно со развојот на новите типови вооружување, потребно е да се искористат и сите можности на постоечкото вооружување.