Путин нареди повлекување на војската

Рускиот претседател, Владимир Путин, наредил делумно повлекување на руските трупи од граничното подрачје на Украина, соопшти германската влада.

Путин преку телефонски разговор ја информирал германската канцеларка, Ангела Меркел, дека наредил делумно повлекување на војската која што се наоѓа во близина на украинската граница. Илјадници руски војници се’ уште ќе останат во близина руско- украинската граница.

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Волтер Штајнмаер го поздравил делумното повлекување на руските војници од украинската граница.

Тој истакнал дека повлекувањето е „мал сигнал“ за намалување на тензиите кои што веќе долго време траат во таа област.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.