Свет

Путин наредил борбена готовност и воени вежби на границата со Украина

Путин наредил борбена готовност и воени вежби на границата со Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска наложил одржување на итни воени вежби за да се провери борбената готовност на руските оружени сили на западот на земјата, објавија руските агенции.

Агенцијата Интерфакс го цитира рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој објавил: „Во склад со наредбата на претседателот на Руската федерација, силите на Западниот воен округ денеска во 14 часот (по локално, а 11 по средноевропско време) ставени се во состојба на готовност“, пренесува Ројтерс.

Путин наложил проверка на способноста на воените единици од западот на Русија за делување во кризни ситуации кои претставуваат закана за воената безбедност на земјата и за делување против закани од антитерористички, санитарно-епидемиолошки и техноген карактер, наведува Интерфакс.

Русија на западот се граничи со Украина, во која по тримесечна криза симнат е од власт претседателот Виктор Јанукович, а власта ја преземаа привремени органи. Во моментов најголема тензија владее на Крим, каде мнозинството го чинат проруски ориентирани граѓани.