Путин наредниот викенд кај Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети Берлин за време на викендот, каде што ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Канцеларката Ангела Меркел ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин, во сабота 18 август, рече портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт.

Зајберт не кажа за што ќе зборуваат Меркел и Путин, но истакна дека се важни прашања поврзани со надворешната политика, сирискиот конфликт, смирувањето на ситуацијата во источна Украина и енергетската соработка.

Двајцата лидери претходно се состанаа во одморалиштето Сочи во Црното Море во Русија, објави Ројтерс.

Меркел и германскиот министер за надворешни работи се состанаа минатиот месец во Берлин со рускиот министер за надворешни работи и началникот на Генералштабот на Руската армија.