Путин: НАТО го користи конфликтот во Украина за да се врати во живот

НАТО го користи конфликтот во Украина за да се врати во живот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од светските новински агенции, пренесува Нетпрес.

– Кризата во Украина, која во суштина беше испровоцирана и создадена од некои од нашите западни партнери, моментно се користи за реанимирање на тој воен блок. Русија многупати предупредувала дека треба да дава одговор на такви дејствија и да презема адекватни мерки, за да ја гарантира својата безбедност, рекол Путин на средба во Москва, за плановите на земјата за модернизирање на нејзиниот оружен арсенал.

Тој додал дека неговата земја, е фокусирана на разработувањето на нови стратешки нуклеарни оружја, на воздушно-вселенска одбрана и на конвенционални оружја со висока прецизност.

Путин дополнил дека Руската федерација не намерава да ги нарушува искуствата и соработката со своите странски партнери и дека земјата нема да влегува во нов натпревар во вооружување и покрај тоа што „некои сили го сакаат токму тоа“.