Путин: Нема таква сила којашто може да го пороби рускиот народ

(© РИА Новости . Григорий Сысоев)

Не постои таква сила на светот којашто може да го пороби рускиот народ, рече во вторникот рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната воена парада по повод 72-годишната на Денот на победата над нацизмот и порача дека Русија секогаш ќе биде на страната на мирот и отворена за соработка со меѓународната заедница во борбата против сите закани.

„Нема, немало и ниту ќе има сила коајшто би можела да го пороби нашиот народ. Тој до смрт ја бранеше својата земја и го стори навидум невозможното – го сврти крвавото тркало на Втората светска војна, го прогони непријателот од таму каде што се осмели да дојде во нашата земја, го скрши нацизмот, стави крај на неговите ѕверства“, ијзави рускиот претседател Владимир Путин на парадата во чест на Денот на победата.

„Ние никогош нема да заборавеиме дека слободата на Европа и долго очекуваниот мир на планетата го извојуваа токму нашите татковци, дедовци и прадедовци“, порача Путин.

„Уроците од мината војна нé повикуваат да бидеме претпазливи, а руските вооружени сили способни да одбијат секаква потенцијална закана“, додаде рускиот претседател велејќи дека актуелната ситуација во светот бара јакнење на одбранбените способности.

Но, порача Путин, Русија „секогаш ќе биде на страната на мирот, со оние коишто го избираат патот на соработка на рамноправна основа, кои ги отфрлаат војните“. Дополни дека обврската на сегашните поколенија е да го осигураат мирот и стабилнста на планетата за идните генерации.

Истакна дека Русија е подготвена да соработува со меѓународната заедница во борбата против тероризмот, екстремизмот и неонацизмот, и ја повика меѓународната заедница на консолидација во таа борба.

„Консолидацијата на целата меѓународна заедница е неопходна за ефикасна борба против тероризмот, екстремизмот, неонацизмот и другите закани. Ние сме отворени за таквата соработка“, рече Путин.

Претседателот на Русите им го честиташе Денот на победата, а потоа со почесна стрелба беше интонирана химната на Руската Федерација.

На легендарниот Црвен плоштад дефилираа околу 10.000 војници, 114 единици на копнените сили и 72 единции на воздухопловството. Смотрата ја изврши министерот за одбрана, Сергеј Шојгу. Борбените авиони и хеликоптери годинава не учествуваа во празничниот прелет над Црвениот плоштад поради неповолните временски услови.

Честитајќи им го празникот на воените ветерани и на припадниците на вооружените сили, Шојгу рече дека овој датум е засекогаш запишан во светската историја и оти бил и останал „симбол на вистинскиот патриотизам и духовната големина“ на рускиот народ кој минувајќи низ страшните искушенија на свирепата војна и крвопролевањето ја одбранил слободата и независноста на татовината и ја ослободил Европа од нацизмот.

Во текот на четирите години од Втората светска војна, тогашниот Советски сојуз загубил околу девет милиони војници, несметајќи ги милионските жртви меѓу цивилното население.