Путин: Нескршлива е врската меѓу словенските народи

На маратонската годишна прес-конференција која рускиот претседател Владимир Путин ја одржа пред 1.200 новинари од целиот свет, се зборуваше пред се за економската ситуација во Русија, како и меѓународните прашања, на чело со односите со Украина.

Според Путин никој не може да ја уништи врската која постои меѓу Русија и словенските народи во Европа.

– Таа врска е духовна и нескршлива, изјавил Путин.