Путин: Нови избори најдобро решение за Украина

Рускиот претседател Путин разговарал денеска со Дејвид Камерон, Херман ван Ромпуј и Ангела Меркел за ситуацијата во Украина.

Путин е согласен со британскиот премиер Камерон дека слободни и фер избори во Украина е најдобар начин да се обезбеди позитивна иднина за земјата, пренесува Ројтерес.

Камерон за кризата во Украина разговарал телефонски со Путин, како што се соопштува од кабинетот на Камерон, двајцата соговорници се согласиле дека територијалниот интегритет на Украина не треба да се доведува во прашање.

Сите изразиле согласност околу тоа дека состојбата во Украина мора што поскоро да се нормализира. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери и двајцата повикале на мир во Украина. Лавров ја истакнал потребата да се зауздаат екстремните радикали во Украина. Кери по разговорот со рускиот колега изјавил дека Русија е подготвена да помогне да се избегне економски колапс во Украина.