Путин: Новите санкции од САД ќе ги засегнат и американските компании во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека најновите санкции од САД ќе ги влошат односите меѓу двете земји. Воедно, истакна дека новите мерки ќе имаат обратен ефект врз работата на американските компании во Русија.

Изјавата на Путин уследи неколку часови откако американскиот претседател Барак Обама најави нов пакет поригорозни санкции за двете водечки руски енергетски компании, две финансиски институции, осум фирми за оружје и четири физички лица.  Засилениот економски притисок на Белата куќа врз Кремљ е да се стави крај на бунтот во Источна Украина, кој според многумина е поддржуван од Москва.

САД ги воведоа најстрогите санкции за главните руски компании „Газпром“ и „Роснефт“, но и за други енергетски и воени компании.

Вашингтон постепено ги прошируваше финансиските санкции за Москва поради анектирањето на украинскиот полуостров Крим и мешањето во внатрешните работи на Украина. Претходно Путин изјави дека неговата земја сака да прекине крворполевањето во Украина и ги обвини САД за наметнување на влијание врз властите во Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.