Свет

Путин од 5-ти март не се појавил во јавност, сите се прашуваат каде е?

Путин од 5-ти март не се појавил во јавност, сите се прашуваат каде е?

Зошто рускиот претседател Владимир Путин не се појавува во јавност? Постојат сомнежи дека нешто чудно се случува, а претпоставките дека тој е болен се засилија кога беше најавено дека тој нема да присуствува ниту на состанокот на Федералната служба за безбедност.

Неговиот портпарол Дмитриј Песков соопшти дека Путин, кој инаку секогаш претседава со овие состаноци, овој пат нема да присуствува.

Факт е дека Путин последен пат се појави во јавноста пред една недела, односно на 5-ти март, а Песков досега неколку пати негираше дека претседателот е болен, посебно кога се појавија информациите дека тој ненадејно го откажал патот во Казахстан.

-Средбата во Астана е одложена, изјави вчера Даурен Абајев, советник и портпарол на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Абаев не кажал поради што е одложена посетата која што беше планирано да трае во текот на оваа недела, ниту пак кога ќе се одржи.

-Изгледа Путин се разболел, велат извори од казахстанската влада кои сакаат да останат анонимни.

Вашингтон пост потсетува дека во времето на СССР три комунистички лидери ненадејно починале за време на мандатот, исто така се наведува и примерот на Борис Јелцин кој поради нарушеното здравје и големата склоност кон алкохолот знаел ненадејно да отсуствува.

-Путин секако не е она што беше Јелцин. Но, голем број Руси сметаат дека државата би можела да лаже во однос на здравјето на претседателот, заклучува Вашингтон пост.