Путин одлучи да ја намали доставата на гас во Србија

Рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја намали доставата на Србија со гас, заради незадоволството од исходот од посетата на Белград.

Информацијата ја потврдила и потпретседателката на влада Зорана Михајловиќ, која за медиумите рекла дека Србија е подготвена да си ги подмири заостанатите долгови за гасот.

Имено, за време на посетата на рускиот претседател во Белград, Вучиќ одбил да потпише протокол со кој се регулира враќањето на 200 милиони долари долг за гасот до март следната година. Сметал дека путиновата понуда била „нефер“, бидејќи Русија преку Нафтената индустрија на Србија профитира од Србија, наведувајќи за „штетноста на договорот за продажба на НИС меѓу Србија и Русија од 2008 година“.

Два дена по посетата на Белград, Путин одлучил да ја намали испораката на гас за една третина од вкупно договорените количества.

Српскиот премиер Александар Вучиќ оваа одлука ја пренел во владата. Тој бил лут заради условувањето од Путин и рекол дека е разочаран од потегот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.