Свет

Путин: Операцијата во Сирија предводена од САД е без резултати

Путин: Операцијата во Сирија предводена од САД е без резултати
Путин: На господ е дали ќе им се прости на терористите, на мене е да ги однесам до него

Воената операција на меѓународната коалиција предводена од САД во Сирија не донесе никакви резултати, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, истовремено предупредувајќи на можноста дека оружјето кое Вашингтон го доставува во Сирија може повторно да се најде во рацете на терористите.

– Сега соопштија дека од авион ја снабдуваат со оружје Слободната сириска армија. Каде е таа Слободна сириска војска? Нема ли тоа повторно да се најде во рацете на Исламската држава, како што веќе се случи? Кој гарантира?, истакна Путин, пренесува МИА.

Тој нагласи дека Русија барала цели кои се „сто проценти терористички“ и одговор каде треба да нападне, но немало „никаков одговор“.

Според него, Москва во Сирија постапува „во строга согласност“ со Повелбата на ОН и според меѓународното право, за разлика од коалицијата предводена од САД, која дејствува без резолуција на Советот за безбедност на ОН и барање од сириските власти.

Путин истакна дека соработката меѓу Русија и САД само по „воена линија“ е недоволна, додавајќи дека е потребна заедничка работа на поттикнување на силите во Сирија да се постигне политичко решение.

Рускиот претседател, исто така, нагласи дека операцијата на руската војска во Сирија не треба да се поврзува со економската соработка со други земји.