Свет

Путин: Организаторите на пучот во Киев планираа да го убијат Јанукович

Путин: Организаторите на пучот во Киев планираа да го убијат Јанукович

Организаторите на „пучот во Киев во 2014 година“ планира да го убијат тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, тврди шефот на руската држава Владимир Путин во документарниот филм „Пат кон татковината“, што беше емитуван денеска на телевизијата Русија 1, по повод годишнината од руската анексија на Крим, објави МИА.

– Во Кремљ ги повикав раководителите на нашите тајни служби и на Министерството за одбрана и им дадов задача да му го спасат животот на украинскиот претседател. Во спортивно тој ќе беше убиен, вели Путин во документарецот.

Според него, Русија дејствувала „решително и цврсто“ на Крим во март минатата година, со што спречила на Полуостровот да се случи сценариото што сега се одвива во реонот на Донбас.

Освен тоа, вели Путин, Русија им овозможила на луѓето на Крим „да се изјаснат како сакаат да живеат“, алудирајќи на референдумот од 16 март минатата година на кој 97 отсто од жителите на Полуостровот кои гласаа, се изјаснија за отцепување од Украина и присоединување кон Русија. Одѕивот, според организаторите на Реферндумот, бил 83 отсто.

Според Путин, одлуката за анексија на Крим не била однапред планирана, но Москва сепак решила да ја почитува волјата на гласачите, отакако, како што рече, 75 проценти од кримските жителите се изјасниле дека сакаат да се приклучат кон Русија.