Путин: Палестинците имаат право на сопствена држава

Палестинците имаат право да основаат независна, одржлива, територијално поврзана држава со главен град во источен Ерусалим, истакна претседателот на Русија Владимир Путин во своето поздравно обраќање пред шефовите на држави и влади на Арапската лига, кои денес учевствуваат на самитот во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик.

„Русија ќе продолжи да придонесува за да се постигне таа цел, дејствувајќи преку билатералните канали и мултилатералните тела, вклучително и кај четворката мировни посредници на Блискиот Исток (САД, Русија, ЕУ и ОН)“, се наведува во документот објавен на веб страната на претседателот на Русија, цитиран од ТАСС.