Путин подготвува Украинско сценарио во Србија?

Русија и нејзиниот претседател, Владимир Путин, би можеле да ја дестабилизираат Србија и другите мали земји кои не се членки на НАТО, предупреди Кристин Вормут, потсекретар за одбрана на САД.

„Во тоа Русија би можела да се послужи со операции и техники кои ги користела во Украина“, кажала Вормут.

 Руски закани

Како друго „подрачје за загриженост“  таа ги наведува балтичките земји, во кои Русија, исто така, би се обидела да го реализира „украинското сценарио“, а  само ден претходно, државниот секретар на САД, Џон Кери во Американскиот сенат кажал дека повеќе земји во Европа се наоѓаат на „линијата на огнот“, односно помеѓу САД и Русија.

Јелена Милиќ, директорка на Центарот за евроатлански студии, вели дека Русија, такво нешто веќе прави во балтичките земји, кои некои се веќе и членки на НАТО и ЕУ.

„Ако веќе се обидува нив да ги дестабилизира, што мжеме да очекуваме за малите земји. За жал тоа ќе се прекршува преку нас и Србија мора да биде многу внимателна кога се работи за Русија и нејзините намери и интереси“, вели Милиќ.

Сакаат да шират паника

Аналитичарот Бранко Радун, вели дека Русите и Путин немаат политички туку енергетски амбици на Балканот.

„Во Вашингот сакаат малку да шират паника, а такквите изјав повеќе се насчени кон Европејците, особено кон Греманија и Франција. Тоа е некој вид завист, бидејќи овие земји имаат намера да направат договор со Русија“, вели Радун