Путин: Политичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот

Со особено внимание следиме сé што се случува во вашата земја. Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во средата во Москва.

Путин изразил задоволство од тоа што македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече,  има позитивно движење во економската размена.

ivanov-putin2-640x410
На почетокот на средбата Путин му ја честита наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.

Македонскиот претседател изрази особено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј  има средба со него.

ivanov-putin3-640x375

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.