ВИДЕО: Путин порача Британците темелно да ја истражат смртта на Скрипаљ

Рускиот претседател Владимир Путин со насмевка одговори на прашањето дали Русија е виновна за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во Лондон и ја повика Велика Британија темелно да го истражи случајот.

Путин одговарал на прашањето на дописникот на Би-Би-Си при посетата на Националниот центар за житарки во Краснодар.

Слушајте, ние овде се занимаваме со земјоделствво и како што гледате нашата цел е грижата за животниот стандард на луѓето, а вие зборувата за трагедии. Темелно истражете го случајот, па тогаш ќе разговараме, одговорил Путин.

Истовремено, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров повтори како Русија нема никаква врска со труењето на Скрипаљ и на неговата ќерка, па побара од Британија да и’ овозможи на Русија да учествува во истрагата.

Глупост… Русија нема никаква врска со тоа. Очекуваме Велика Британија да го прифати нашето барање и да ни испрати примерок од нервниот отров за да и ние го истражиме. На тоа имаме право бидејќи една од жртвите на труењето, ќерката на Скрипаљ, Јулија е и руска државјанка, рекол Лавров.

Претходно британската премиерка, Тереза Меј и’ постави ултиматум на Русија до крајот на денот да објасни како и зошто нервен отров произведен во Русија бил употребан за труење на Скрипаљ.