Путин: Поради своите интереси Русија ќе оди до крај

Русија штитејќи ги своите интереси ќе оди до крај, изјави претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, кој оцени дека со враќањето на Крим во рамки на Русија е направено се како што треба и оти за ништо не жали.

Путин во филмот „Претседател“ изјави дека најважно било да се сфати што сакаат луѓето кои живеат на Крим.

– Им кажав дека луѓето за нас се од животна важност. Не знам какви интереси ќе штитите, но ние штитејќи ги нашите ќе одиме до крај. И тоа е многу важна работа, истакна Путин.

Тој нагласи дека Русија не можела да ги напушти луѓето кои сакале да се вратат во рамките на Руската федерација и кои „не сакале  да бидат под власт на бандеровци и националисти“.

– Не затоа што ние нешто сакаме да одземеме или одвоиме. Па дури ни затоа што Крим има стратешко значење во базенот на Црното Море. Туку затоа што тоа е елемент на историска праведност. Сметам дека исправно постапивме и за ништо не ми е жал, порача претседателот на Русија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.