вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Путин: Постигнат е договор за Сирија

Потпишани се три документи. Договор меѓу сириската Влада и вооружената опозиција е првиот. Пакет мерки за конрола на прекинот на огнот е вториот. Третиот е декларација за подготвеност да се пристапи кон мировни преговори, изјави Путин на состанокот со министрите за надворешни работи и одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

133506862

Последни вести

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија, чии гаранти ќе бидат Русија и Турција.

– Пред неколку часа пристигнаа вести дека развојот на настаните се одвива во правецот што го посакувавме. Потпишани се три документи. Договор меѓу сириската Влада и вооружената опозиција е првиот. Пакет мерки за конрола на прекинот на огнот е вториот. Третиот е декларација за подготвеност да се пристапи кон мировни преговори, изјави Путин на состанокот со министрите за надворешни работи и одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

Како што јави ТАСС, според Путин, со овие договорти и властите во Дамаск и бунтовниците искажале подготвеност за отпочнување на преговори за ставање крај на конфрликт во Сирија.

Путин додаде и дека постигнатите договори се многу кревки, па затоа се потребни внимателност и трпение.

По состанокот министерот Шојгу соопшти дека прекинот на огнот во Сирија ќе стапи во сила на полноќ на 30 декември.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу уште вчера соопшти дека владини претставници на Русија и Москва постигнале согласност за содржината на два договори за Сирија, но не обелодени повеќе детали.

– Едниот од нив се однесува на политичко решение на сирискиот конфликт, а другиот за прекин на огнот. Договорите можат да стапат во сила во секој момент, нагласи турскиот министер.

Тој потврди дека Анкара сака траен прекин на огнот во цела Сирија и политичка транзиција преку преговори. Чавушоглу исто така потецира дека мир во земјата, што би вклучувало и останување на Асад на власт, е невозможен, бидејќи опозицијата тоа не може да го прифати.

Од друга страна, меѓутоа Москва е на ставот дека Асад треба да биде дел од процесот на транзиција во Сирија.

Турските медиуми јавија дека планот за сеопфатно примирје во Сирија, треба да важи за сите региони во земјата каде што се водат борби меѓу владините сили и групите на вооружената опозиција, но не и за судирите со „терористичките организации“, како групата Исламска држава.

Најчитани вести