Путин повика на обновување на односите со ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин повика денеска на обновување на односите со ЕУ, истакнувајќи дека Унијата и понатаму е клучен трговски партнер на Москва.

– Русија е подготвена да се најде на половина пат со Европа, но во прашање не е еднонасочен сообраќај, изјави Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Тој предложи почеток на преговорите со ЕУ за техничка соработка, како прв чекор во обновување на односите.

Путин оцени дека неодамнешните средби со претставници на германски и француски бизнис кругови покажале дека европските деловни лидери се подготвени и сакаат да соработуваат со Русија.

– Треба да ја вратиме довербата во руско-европските односи и да го обновиме нивото на интеракција, порача рускиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.