Путин повторно е политичар на годината

Политичар на годината на Русија, повторно е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја ужива поддршка од поголемиот број Руси. Овие податоци се добиени според традиционалната анкета на Русискиот центар за истражување на јавното мислење, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Според анкетата 44 отсто од Русите го бираат Путин за најполитичар, по него следува министерот за одбрана Сергеј Шојгу со осум отсто, а потоа министерот Сергеј Лавров со седум отсто.

Според истата анкета, Русите ја определија војната во Сирија како најзначајни настан во светот за изминатава 2013 година. На второ место се најде кризата во Украина, а само на третото место аферата со Едвард Сноудън, кој ги откри тајните американски програми за електронско следење и кој доби привремено засолниште во Русија.