Свет

Путин предложи план за Истокот, Киев го одби

Путин предложи план за Истокот, Киев го одби

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати пишана порака на својот украински колега Петро Порошенко, во која изложува план за повлекување на тешкото вооружување на истокот на Украина, но Киев тој план го одби, изјави синоќа прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков.

Путин пораката на Порошенко му ја упатил во четвртокот, во која на двете страни во конфликтот им понудил конкретен план за повлекување на тешкото вооружување, рече Песков.

– За жал, украинската страна го одби овој план, не нудејќи ништо наместо тоа. Дополнително продолжи со борбените операции, рече Песков.

Русија вчера ги повика сите членки на меѓународната заедница да извршат притисок врз Киев да се откаже од употребата на сила на истокот на Украина, соопшти руското МНР.