Путин признава дека некој друг би можел да стане шеф на Кремљ

Владимир Путин неколку пати бил запрашан какви се неговите планови по претседателските избори во 2018 година, но неговите одговори секогаш биле двосмислени.

-Кој ѝ да биде претседател во 2019 година, ќе присуствува на Светскиот шампионат во вештини, биле зборовите со кои шефот на руската држава  ја изненадил својата нација, но и остатокот од светот.

Путин оваа изјава ја дал по повод давањето поддршка за организаторот на ова натпреварување во 2019 година, но неговите зборови одекнале многу посилно, бидејќи индиректно сугерирал дека некој друг би можел да стане шеф на Кремљ.

putin-izjava1

-Случката за која зборуваме е закажана за 2019 година, а претседателските избори во Русија се во 2018 година. Но, убеден сум дека, кој ѝ да биде глава на нашата држава, ќе му биде задоволство да учествува на овие случувања, рекол Путин.

Според најновите истражувања на јавното мислење, кое го спровело центарот “Левада”, дури 85 проценти од Русите се задоволни од работата на Путин, а доколку изборите се одржат утре, 74 проценти од граѓаните би гласале токму за Путин.