Путин против воздушните напади на исламистите без одобрување на ОН

Руското министерство за надворешни работи се огласи по повод можните воздушни напади на исламистичките милитанти во Сирија, изнесувајќи јавно противење на таквата акција без согласност на Советот за безбедност на ОН, сметајќи ја чин на агресија.

„Барак Обама зборуваше за можни директни воздушни напади на американските вооружени сили за положбата на Исламската држава во Сирија без дозвола на нејзината легитино избрана Влада,“ изјавио Александар Лукачевиќ, портпарол на руското министерство за надворешни работи.

„Таквиот потег, додека не постои резолуција на Советот на безбедност би бил јасен чин на агресија и кршење на меѓународното право,“ додаде Лукачевич.